Дома Фудбал Останато Пари од трансферот на Пјаниќ ќе добие и вторлигаш од Луксембург

Пари од трансферот на Пјаниќ ќе добие и вторлигаш од Луксембург

Неодамна беше потврдена размената Артур – Пјаниќ помеѓу Јувентус и Барселона, а сега излегуваат детали од таа размена.

Јувентус на Барселона за трансферот и доплати 10 милиони евра, а дел од таа сума ќе добијат и клубови каде што Пјаниќ настапуваше во минатото.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според процентот сума од три милиони ќе биде подалена помеѓу четири клуба. Француски Мец ќе добие 1.05 милион евра, потоа следи Рома (600.000 евра), Олимпик Лион (900.000 е вра), а 450.000 евра ќе добие Шифланж, клуб од Луксембург.

Шифланж е второлигаш од Луксембург и станува збор за клуб каде што Пјаниќ ги направи почетоците во кариерата. Во тој клуб Пјаниќ беше од 1997 до 2004 година после што на 14 години се пресели во Мец.

Интересно е што Пјаниќ има и настапи за младинските репрезнтации на Луксембург до 17 и до 19 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …