Саутемптон одигра одлично против Ливерпул, но не на теренот туку во преговорите со Виргил Ван Дијк.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холандскиот дефанзивец премина во редовите на „црвените“ за огромни 78 милиони евра и сега оваа сума имаат намера да доведат две одлични засилувања до крајот на овој преоден рок.
Прва желба на клубот од „Сент Мери“ е Тео Волкот кој е на излезни врати од Арсенал, оваа сезона собра само пет настапи во првенството, често пати останува на клупата и надвор од составот па јасно е зошто сака да ја промени средината.
Венгер повеќе не смета на играчот кој е во клубот 12 години. Доколку премине во Саутемптон тој практично би се вратил дома бидејќи токму таму ги започна јуниорските денови и ги направи првите чекори.
Втората мета е Даниел Стариџ од Ливерпул за кого нема место во првите 11 на Ливерпул. Тој беше понуден на Интер и Јувентус, но Италијаните не го сакаа, но го сака Саутемптон кој во него гледа идеален прв напаѓач.