Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума во следната сезона би можел да го брани голот на Јувентус.
Договорот на италијанскиот голман истекува во јуни, а во овој момент преговорите помеѓу Милан и агентот на Донарума, Мино Раиола не одат баш во добра насока.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Преговорите се водат подолго време, меѓутоа двете страни не можат да дојдат до договор. Ситуацијата за Милан ја комплицира Јувентус кој нуди повеќе пари и поголема провозија за Раиола.
Донарума наводно има желба да остане во Милан, но парите може да го натераат да направи „предавство“ и да премине во Торино во редовите на големиот ривал.
Според актуелниот договор Донарума заработува шест милиони евра по сезона и понудата од Милан за петгодишна соработка е осум милиони евра. Јувентус му нуди повеќе, 10 милиони евра по сезона и дополнителен бонус за потпис, како за Донарума така и за Раиола.
Во Милан Донарума дебитираше на 16 години и брзо стана прв избор на голот. Во овој момент важи за еден од најдобрите голмани во светот и наследник на Буфон во репрезентацијата на Италија, а можеби и во Јувентус ќе видиме.