Дома Фудбал Италија Панчев се најде во најразочарувачкиот тим на Интер на сите времиња

Панчев се најде во најразочарувачкиот тим на Интер на сите времиња

Италијанските навивачи во избор за „Суперкомесе“ ги избирааа најголемите разочарувања во екипата и на нивната листа се најде името на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев.

Панчев најдобрите денови од кариерата ги помина во Вардар и Звезда. Во Звезда ја освои Златната копачка, а потоа во 1992 година направи трансфер во Интер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанската лига во тоа време беше убедливо најсилна во Европа и за Панчев овој трансфер беше голем предизвик. Меѓутоа работите не се одвиваа според очекуваното, Панчев за Интер одигра само 19 натпревари и три пати се запиша во листата на стрелци.

Според изборот формацијата на најразочарувачкиот тим на Интер е 4-3-3: Фабио Карини, Алваро Переира. Гонасло Сорондо, Сирил Доморо, Вратислав Грешко, Хавиер Фаринос, Вампета, Рикардо Кварезма, Панчев, Хакан Шукур и Диего Форлан.

Ќе потсетиме, Панчев подоцна откри дека имал прилика и да заигра и за Манчестер Јунајтед, меѓутоа се одлучил за италијанската Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…