Дома Фудбал Останато Панчев: Ме бараше Фергусон во Јунајтед, но јас сакав да се докажам во Интер и тоа ми беше глупост

Панчев: Ме бараше Фергусон во Јунајтед, но јас сакав да се докажам во Интер и тоа ми беше глупост

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервју за „SportBuzzer“ зборуваше на разни теми, а една од темите и Манчестер Јунајтед кога Сер Алекс Фергусон сакал да го доведе.

Панчев по одличниот период во Звезда направи трансфер во Интер каде што не се прослави и постигна само два гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во тоа време бев многу баран и имав многу понуди, но за жал избрав погрешен клуб (се смее). Интер тогаш имаше просечен клуб, во сенка беше на Милан. Исто имав и огромни разлики во мислењата со тогашниот тренер.

А зимата добив понуда од Сер Алекс Фергусон, но не ја прифатив зошто сакав да им докажам на Италијанците дека можам да успеам во Серија А. Кога ќе погледнам сега наназад, морам да признаам дека тоа ми беше глупост!“, изјави Панчев.

На крајот Интер го позајми во германски Лајпциг каде што помина шест месеци.

„Бундеслига и градот веднаш ми се допаднаа. Бев позајмен на Лајпциг на шест месеци на некој начин како Интер во суштина сакаше да ме санкционира. На почеток тренер ми беше Бернд Штанге но мораше да замине по кратко време поради слаби резулати. За жал на крај испаднавме“, зборува Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал во Црна Гора: Голман нокаутираше соиграч! 🎥

Натпреварот помеѓу Будуќност и Сутјетска кој се одигра во Подгорица и заврши нерешено беше…