Дома Фудбал Останато Панчев: Бевме посилни од сите, УЕФА не дозволи Звезда да игра финале и во 1992

Панчев: Бевме посилни од сите, УЕФА не дозволи Звезда да игра финале и во 1992

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев како што е познато е освојувачот на Купот на шампионите со Црвена Звезда.

Панчев до тронот на Европа со Звезда се искачи во 1991 година, а сега во едно интервју за бугарските медиуми откри дека Звезда можела да игра финале и наредната година, но тоа не се случило затоа што не и одговарало на УЕФА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Звезда поради санкции од УЕФА во таа сезона 1991/1992 натпреварите не ги играше во Белград.

„Конкуренцијата беше силна и навистина ни беше тешко да играме надвор од Белград. УЕФА не дозволи Звезда втора година во низа да игра финале. Тоа ќе беше голем удар за нив, затоа што покажавме дека сме посилни од сите и покрај санкциите кои ни ги даваа“, изјави Панчев.

Многу пати Панчев досега кажал дека трансферот во Интер е неговата најголема грешка во кариерата, а сега одново го повтори тоа.

„Трансферот во Интер беше моја најголема грешка. Убаво ми викаше Христо Стоичков да одам кај него во Барселона. За тоа време во Интер немам многу што да кажам – лош тим, лоша соблекувална, се скарав со тренерот и клубот…Алекс Фергусон ме повика во Манчестер Јунајтед, но за жал ја одбив и таа понуда“, откри помеѓу другото Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…