Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервју за медимите од регионот зборуваше за актуелни теми.
Панчев зборуваше за македонската фудбалска репрезентација и порача дека оваа репрезентација ако е најдобра тогаш мора да се избори за пласман на Европското првенство преку Лигата на Нации. Ќе потсетиме, Македонија игра полуфинале против Косово, а доколку го поминеме во финалето ќе играме против Белорусија или Грузија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Шансите сигурно се големи, но не треба да се потцени ниту еден противник. Со оглед на тоа дека селекторот Игор Ангеловски кажа дека ова е најдобрата генерација во историјата на македонскиот фудбал, тогаш без проблем мораме да се пласираме на Европското првенство. Ние сме фаворити против Косово, посебно затоа што играме дома. Ако не победиме во тој натпревар, тоа би било голем неуспех“.
Во интервјуто Панчев порача и дека себеси се гледа само во два клуба – Црвена Звезда и Вардар.
„Поради ситуацијата со фудбалот во Македонија ретко прифаќам било какви понуди, освен кога е Вардар во прашање, со тој клуб имам посебна поврзаност. Засега немам понуди, но мислам дека единствените два клуба каде што би дал се од себе и би работел со срце се, Црвена Звезда и Вардар“.
Панчев имал понуда да работи во Звезда.
„По завршувањето на кариерата на два пати добивав понуди од Драган Џаиќ и Пикси Стојковиќ. За жал понудите не ги прифатив од лични причини“, изјави Панчев.
Комплетното интервју на Панчев можете да го прочитате – тука.