Дома Фудбал Италија Пандев ќе игра уште една сезона за Парма

Пандев ќе игра уште една сезона за Парма

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев не размислува за пензија и најверојатно ќе игра уште една сезона.

Ова за италијанските медиуми го потврди неговиот агент, кој истакна дека Пандев сака со Парма да се врати во Серија А.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Мое лично мислење е дека Пандев може многу да направи за тимот. Тој сака да продолжи да игра, многу е мотивиран, би било убаво да биде во целиот проект. Неговата желба е да ја врати Парма во Серија А“ рече менаџерот Леонардо Корси.

Пандев има 38 години и исклучителна кариера, па се веруваше дека ќе се пензионира ова лето, но очигледно дека му се допаѓа проектот во Парма и верува дека може да одигра уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…