Дома Фудбал Пандев: Ја посакувам целата среќа на Џенова во иднина, а сега е време за ЕП со Македонија!

Пандев: Ја посакувам целата среќа на Џенова во иднина, а сега е време за ЕП со Македонија!

Капитенот на Македонија Горан Пандев преку социјалните мрежи со емотивна порака и се заблагодари на Џенова за се што поминаа заедно во изминатиот период.

Италијанската „Газета дело Спорт“ пишуваше денес дека Пандев е спремен да одигра уште една сезона во дресот на Џенова, а од пораката на Пандев не може да се заклучи дали е ова и порака за збогум.

„Година исполнета со многу емоции за мене и за Џенова како клуб. Опстанок, 100 гола во Серија А, 150 настапи во овој дрес. Би сакал сега да сум со вас, фанови на Џенова во овој момент и оваа радост заедно да ја споделиме. И ја посакувам сета среќа на Џенова во иднина, сега е време за Европското првенство со Македонија“, напиша Пандев на неговиот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси повторно тргнува по Скот, Борнмут бара 100 милиони фунти

Алекс Скот наводно е првата јануарска желба на Челси, откако Борнмут летово одбил понуди ш…