Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: ФФМ стана приватна фудбалска федерација

Пандев: ФФМ стана приватна фудбалска федерација

Фудбалската легенда на Македонија, Горан Пандев неодамна стави крај а професионалната кариера.

Пандев остави длабока трага во македонскиот, но и италијанскиот фудбал, но не доби соодветно внимание од Фудбалската федерација на Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пандев во изјава за „Студио 10“ на ТВ 24 отворено призна дека е игнориран од луѓето кои се на чело на ФФМ.

„Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме“, изјави Пандев.

„Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во се има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот“, заклучи Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени коефициентите: Ѓоковиќ не е најголем фаворит за Ролан Гарос

Нajдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, …