Македонската фудбалска легенда Горан Пандев добива овации каде и да се појави на „Чизмата“,, а изминативе неколку недели беше пречекуван со овации на „Џузепе Меаца“ и „Мараси“ во Џенова.
Денеска Пандев е во Милано каде што друштво ќе му прави американскиот милијардер Крис Гарднер кој е во Италија поради активностите со „Брера Холдинг“, компанијата која откупи 90% од акциите на Академија Пандев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред полуфиналето Пандев беше гостин во „Скај Италија“ и се потсети на историската триплета во 2010 година.
„Ме аплаудираат и ме сакаат секаде? Тоа е така затоа што секаде каде што играв давав се од себе. Нормално е некогаш да не успеете, но секогаш треба да се обидувате да давате се од себе. И на теренот давав се. Прво сеќавање на дербито секако ми е кога дадов гол од слободен удар и победивме со 2:0 со десетмина играчи“, изјави Пандев.
Пандев лани во септември објави крај на кариерата по две децении на Апенините каде што првпат дојде како младинец од Беласица.