Дома Видео Пандев по пристигнувањето: Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на ЕП ?

Пандев по пристигнувањето: Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на ЕП ?

Македонската фудбалска репрезентација рано утрово пристигна во Македонија после историскиот пласман на ЕП.

Капитенот и херојот од финалиниот натпревар против Грузија, Горан Пандев уште еднаш кажа дека сонот и се остварил на сите и дека не верувал дека на 38 години ќе игра на едно Европско првенство.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Јас би се надоврзал на селекторот, благодарност до сите што не пречекавте. Сонот ни се оствари, сите заедно се радуваме и да настапуваме на ова ЕП со победи. Знаеме сите дека поминавме долг пат до ова ЕП, навистина дечките го заслужија ова и уште не сме свесни што направивме. Среќни сме, во следните денови ќе се свестиме дека сме на ЕП. Уште ние фудбалерите фалевме да се пласираме на едно ЕП. Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на едно ЕП. Добро што дојде овој коронавирусот, па ми ја продолжи кариерата уште малку. На цела Македонија ѝ се оствари сонот“, изјави Пандев.

Фото и видео: ТВ21

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…