Дома Македонски спорт Пандев порача: Престанете со ситно-политички игри и не го злоупотребувајте моето име! (ФОТО)

Пандев порача: Престанете со ситно-политички игри и не го злоупотребувајте моето име! (ФОТО)

Капитенот на репрезентацијата на Македонија Горан Пандев порчаа политичките партии да не го мешаат неговото име за нивни цили.

Ваквата реакција на Пандев, дојде по објавата на неговата изјава за ФФМ на Фејсбук страната на „Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Капитенот го даде следниот одговор:

„Во овие тешки моменти за целиот свет, кога се соочуваме со најопасниот вирус на глобално ниво, сакам да апелирам до политичките партии во Македонија да престанат со ситно-политичките игри. Оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партии (во случајот комисијата на ВМРО-ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име. Ова е време кога ние во Италија се соочуваме со катастрофа од невидени размери. Апелот до сите е да останат дома и да ги следат препораките. Секоја моја изјава која ќе биде ставена во контекст на политика ќе ја демантирам. Поздрав од Џенова“, гласи пораката на Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…