Дома Фудбал Италија Пандев откако го „сруши“ Јувентус: Имав чуство дека целиот стадион се тресе

Пандев откако го „сруши“ Јувентус: Имав чуство дека целиот стадион се тресе

Денес заврши серијата на непоразеност на Јувентус и тоа благодарение на нашиот Горан Пандев.

Горан Пандев често пати во кариерата знаел да одигра маестрално против „старата дама“, а така беше и денес.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џенова денес го пречека Јувентус за кој ова беше прв натпревар после фантастичната ноќ против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите (3:0).

Пандев денес не беше во првиот состав, но тренерот на Џенова направи вистински потег кога на теренот ја испрати македонската фудбалска икона.

Непосредно после влегувањето во игра Пандев му асистираше на Стефано Стуаро кој исто така влезе неколку минути претходно за водство. Подоцна Пандев и самиот се запиша во листата на стрелци со што ја обезбеди победата на Јувентус од 2:0.

„Неверојатно е чуството да постигнете гол пред трибината на која се најверните навивачи на Џенова. Нашите навивачи ни дадоа огромна поддршка, кога го постигнав голот имав чуство дека целиот стадион се тресе. Знаеме да одиграме одлично против големите клубови, таков беше случајот и денес. Су Куаме соработуваме одлично, поседува големи квалитети“, изјави Пандев после неговиот фантастичен настап.

Денешниот погодок на Пандев против Јувентус беше трет оваа сезона во италијанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…