Дома Македонски спорт Пандев: Освоив се, но жалам што со Наполи не го кренав Скудетото

Пандев: Освоив се, но жалам што со Наполи не го кренав Скудетото

Maкедонската фудбалска легенда, Горан Пандев за две децении остави голема трага на фудбалот во „Чизмата“, а сега за италијанските медиуми откри дека најмногу жали што со Наполи не го освоил Скудетото, иако тоа му успеа со Интер.

Пандев беше интересен за медиумите поради претстојниот натпревар помеѓу Џенова и Наполи во Серија А, двата клуба за кои тој играше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Јас во кариерата освоив сѐ, со Валтер Мацари на клупата во Наполи освоивме Куп, во последната година бевме втори, но имавме прекус тим за да се бориме на три фронта. И жалам што не освоив ‘скудето’ со Наполи, разговарајќи со Елмас сфатив колку тоа е неверојатно“, изјави Пандев.

Македонската фудбалска икона е голема поддршка на Елиф Елмас кој четири години го носи дресот на Наполи.

„Елиф напредуваше многу, многу порасна, тој е скромно момче кое многу работи, многу напредуваше и многу сум среќен за него. Промени многу улоги, јас преферирам да игра како офанзивен фудбалер за врска, но исто така и како крило. Елмас може многу да даде и како централен играч за врска. Накратко – многу комплетен фудбалер“, истакна Пандев.

Инаку, во текот на вчерашниот Џенова потпиша со втор Македонец, 16-годишниот Тома Георгиевски ќе продолжи да се развива во италијанскиот тим. (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…