Дома Македонски спорт Втор Македонец во Џенова, 16-годишен талент тргна по стапките на Пандев

Втор Македонец во Џенова, 16-годишен талент тргна по стапките на Пандев

Maкедонскиот 16-годишен талент Томa Георгиевски е нов фудбалер на Џеова.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за офанзивен играч за врска кој подолго време бил следен и од поголемите италијански клубови, меѓу кои бил и Милан. Георгиевски беше дел од ФК Њу Старс, а поради стилот на игра и физиономијата се стекнал со прекар „Новиот Милинковиќ-Савиќ“.

Георгиевски веќе настапуваше за младинските селекции на Македонија до 15, 16 и 17 години, но има и француски пасош. Италијанците го претставија како вториот Македонец во Џенова по Горан Пандев.

Пандев дресот на Џенова го носеше цели седум сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…