Капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев, истакна задоволство после ремито со силната Италија.
Како што е добро познато, Македонија вчера веројатно го направи најголемото изненадување во вчерашните натпревари со ремито 1:1 на гостински терен против селекцијата на Италија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам дека одлично се браневме. Исто така максимално ги искористивме своите шанси од контра нападите. Тоа е начинот на кој морате да играте против големите екипи, во спротивно ќе примите три или четири погодоци и нема да имате шанси да се вратите во игра“, изјави Пандев кој потоа додаде:
„Имаме многу млади фудбалери кои и понатаму се развиваат и имаат реални можности да прераснат во големи фудбалери“, заврши капитенот на нашата репрезентација.