Синоќа Џенова ја победи Бреша со 3:1, а стрелец на третиот гол за домаќините беше нашиот капитен Горан Пандев.
Пандев со еден мајсторски удар го совлада голманот на Бреша и стави точка на победата на Џенова која од клупата беше предводена од поранешниот соиграч на Пандев од Интер, Тиаго Мота.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Конечно, победивме. Долго време чекавме да се израдуваме и сега сме навистина среќни. Во првото полувреме бевме плашливи, но потоа покажавме дека има квалитет во овој тим. Среќен сум и за Тијаго Мота. Тој е одличен пријател, голем човек, му посакувам да има голема тренерска кариера. Мојата улога не е важна, важно е да играме добро“, изјави Пандев.