Дома Македонски спорт Пандев имал уште неколку понуди, откри зошто ја избрал Џенова

Пандев имал уште неколку понуди, откри зошто ја избрал Џенова

pandev

Македонската фудбалска икона Горан Пандев полека се наближува кон крајот на својата кариера бидејќи веќе има 35 години, а веќе четврта година тој го носи дресот на Џенова.

Пандев во Џенова пристигна после краткиот престој во Галатасарај каде што немаше премногу успех. Очекувањата се Џенова кој е најстар италијански клуб да биде негов последен во кариерата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во викендот кој следи Пандев и Џенова ги очекува градското дерби против Сампдорија.

Пред овој натпревар Пандев во разговор за италијанските медиуми откри зошто избрал да го носи дресот на Џенова.

„Џенова е најстариот италијански клуб, ова е голем тим и важен во Италија. Посебно се чуствувам кога ќе постигнам гол и ќе го прославам пред северната трибина. Кога ја напуштав Галатасарај имав уште неколку понуди, но без многу размислување се одлучив да ја прифатам понудата од Џенова. Една од причините беше атмосферата која навивачите ја прават на овој стадион, се заљубив во првиот момент кога заиграв тука. Навистина уживав и кога како противник доаѓав на овој стадион“, порача Пандев.

Пандев во Италија освен за Џенова за која запиша 88 настапи и постигна 12 гола настапуваше за Лацио од 2004 до 2009 година, Интер во 2010 година кога освои се што можеше да се освои и Наполи од 2011 до 2014.

Пред Пандев е понуда од Џенова да остане и во следната сезона, веројатно ќе биде и негова последна. Нашиот капитен се уште не донел одлука, но извесно е дека ќе остане на „Мараси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…