Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев за новиот проект: Ќе внесеме нешто ново, ова ќе биде добро за целиот македонски фудбал

Пандев за новиот проект: Ќе внесеме нешто ново, ова ќе биде добро за целиот македонски фудбал

Од неодамна компанијата Брера презема 90% од Академија Пандев, а сега за Горан Пандев кој останува во клубот како претседател и одговорен за младите категории во тимот подетално објасни какви се плановите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пандев зборуваше за новата ситуација во клубот, потенцираше дека фокусот ќе биде ставен на младинските категории, но нема да биде запоставен и првиот тим. Целта во новата сезона кога е пласманот во ПМФЛ со сите промени е средина на табелата.

Најави Пандев и доаѓање на тренери од Италија кои работеле во Јувентус, Милан, Парма…Неговите се очекувања се бенефитот целиот проект да го даде по два-три сезони. Исто така Пандев потенцираше и дека името Академија Пандев останува со додавка Брера Струмица.

„Конечно се завршија сите процедури околу преземањето на Академија Пандев. 90-отсто од акциите на нашиот клуб ги купи Брера Холдинг и од оваа сезона почнува една нова мисија, нов проект кој ќе биде добар не само за струмичкиот фудбал, туку и за македонскиот фудбал. Влегуваат нови луѓе, со нови идеи.

Овој проект својот бенифит ќе го даде по 2-3 години, со макотрпна работа, со стручен штаб од Италија, ќе внесеме нешто ново во македонскиот фудбал. Оваа инвестиција која ја прават луѓето од Италија и Америка ќе биде корисна за сите. Ние треба сите макотрпно да работиме, за да им покажеме на луѓето од Америка дека и тука може да се работи професионално“, истакна македонската фудбалска легенда.

За крај на разговорот Пандев зборуваше и за последните резултати на македонската фудбалска репрезентација.

ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР ЗА НОВАТА „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ“:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…