Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Да му дадам уште еден гол на Буфон пред да оди во пензија!

Пандев: Да му дадам уште еден гол на Буфон пред да оди во пензија!

Македонија утре ќе игра против Италија во Торино, а нашиот капитен Горан Пандев посакува гол против стариот познанинк Џиџи Буфон.

Пандев често се соочувал против Буфон во својата кариера и му има дадено неколку гола, но сака утре со уште еден гол да го испрати во пензија легендарниот чувар на мрежата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Буфон е голем голман и голем човек. Ги сакам средбите со него. Му имам дадено 4-5 гола, но тој победил на многу натпревари против мене. Се надевам дека ќе му дадам уште еден гол бидејќи тој речиси е пред крајот на неговата кариера, а исто и јас. Добро би било да дадам гол, да одиграме нерешено и на крајот сите да бидеме среќни“, изјави Пандев.

За самиот натпревар нашиот капитен изјави:

„Знаеме дека Италија е голема репрезентација. Им недостасуваат неколку фудбалери, но има играчи кои ќе ги заменат и кои можат да бидат опасни за нас. Ние сме подготвени, на последните натпревари игравме добро. Се надеваме дека утре ќе одиграме добар натпревар па ќе видиме што ќе биде. Знаеме дека Италија е фаворит, но ако одиграме како на натпреварот во Скопје, се може да се случи“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …