Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пандев во идеалниот тим на групната фаза на холандскиот „NOS Sport“

Пандев во идеалниот тим на групната фаза на холандскиот „NOS Sport“

Еден од најпознатите спортски медиуми во Холандија „NOS Sport“ ги избра најдобрите 11 во групната фаза на Европското првенство.

Во овој тим на новинарите на „NOS Sport“ се најде и македонскиот капитен Горан Пандев. Во нападот покрај него се Патрик Шик и Кристиано Роналдо.

За секој од играчите има посебен опис. Така за Пандев напишаа дека не е само човекот што ја однесе Македонија на ЕП, туку и одигра одлични три натпревари. Пандев го постигна првиот гол на ЕП за Македонија, се избори за пеналот против Украина, а имаше и одлични моменти против Холандија во последниот натпревар.

Еве како изгледа тимот на „NOS Sport“:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ова се сите кандидати кои ќе се борат за „Златната топка“, има место и за голманот кој стана сензација (Фото)

Францускиот весник France Football го објави списокот со 30 фудбалери номинирани за прести…