Александар Васоски во следната година ипол ќе биде тренер на Академија Пандев.
Васоски поради кризата го напушти Вардар, иако имаше неколку понуди од странство се реши да ја прифати понудата од Струмица, a „Пандевци“ денес и официјално го промовираа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Александар Васоски од денес е нов тренер на Академија Пандев. Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со условите кои клубот ги нуди и беа финализирани наредните чекори кои ќе се преземат за клубот да се подигне на уште повисоко ниво. Заедно со Васоски, доаѓаат и Раденко Бојовиќ како прв асистент и Тони Богдановски како кондиционен тренер… Огромна чест и задоволство ни е што едно од нашите најголеми фудбалски имиња, а воедно и еден од најдобрите македонски тренери ја прифати нашата понуда и се пронајде во визијата која клубот ја негува, а тоа е создавање на млади фудбалери кои подоцна ќе настапуваат во екипи од врвните европски лиги.
Добредојде Тетовче во нашата фамилија и заедно да се радуваме на многу победи!“