Дома Фудбал Останато Палмеирас и Ривер одиграа лудо полуфинале, ВАР спречи историски пресврт! 🎥

Палмеирас и Ривер одиграа лудо полуфинале, ВАР спречи историски пресврт! 🎥

Бразилскиот Палмеирас е првиот финалист во Копа Либертадорес. Овој тим изминатата вечер беше поразен од Ривер со 0:2, но поради победата од 3:0 во првиот натпревар се пласираа во финалето.

Ривер одигра спектакуларен меч. Марсело Гаљардо покажа дека е голем тренер, но на крајот ВАР спречи голем пресврт. Аргентинскиот гигант поведе во 29. Минута, Ројас беше најдобар во скокот и постигна гол за 0:1.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Продолжи Ривер со нападите на голот на Палмеирас. Создаваа шанси гостите, а во 44. минута стигнаа до втор гол. Стрелец беше Боре.

Со овој резултат се замина на полувреме, а во продолжение ВАР го спречи Ривер да направи голем пресврт. Во 52. минута Монтиел погоди за 0:3, но ВАР претходно во акцијата забележа офсајд и голот беше поништен.

Ројас беше исклучен кај Ривер, меѓутоа нападите не застанаа. Палемирас изгледаше номоќно, а во 75. минута повторно ВАР стапи на сцена. Досуден беше пенал, за судијата после прегледувањето на снимката да ја поништи одлуката.

Ривер се обидуваше до крајот, имаа одлични шанси, но не постигнаа гол. Палмеирас во финалето ќе игра против подобриот од мечот Сантос – Бока Јуниорс, првиот дуел заврши 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…