Дома Фудбал Италија Пакета: Неверојатно е чуството – Гатузо и Игуаин ги имав во тимот кога играв Плејстејшн

Пакета: Неверојатно е чуството – Гатузо и Игуаин ги имав во тимот кога играв Плејстејшн

Лукас Пакета денес беше овој јануари премина во Милан и потпиша договор до 30 јуни 2023. Бразилецот денес беше претставен пред навивачите.

Пакета потпиша на пет години, доаѓа со епитет на добар техничар, а многумина го споредуваат со неговиот сонародник Кака. Неговата цена воопшто не беше ниска, Милан плати 35 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските новинари секако имаа многу прашања за новиот „росонер“, едно од првите прашања се однесуваше токму на Кака.

„Многу сум среќен поради новиот предизвик би сакал да се заблагодарам на сите кои веруваа во мене и се надевам дека ќе им се одолжам. Кака беше мој идол, еден од најдобрите фудбалери во светот. Јас сум на стартот на мојот пат и се надевам дека ќе чекорам по неговиот пат“.
Како се одлучил да го избере Милан?

„Милан е клуб со голема историја. Кога ме повикаа, посебно во посредство на Леонардо, тоа беше голема работа за мене. Разговарав со семејството и заедно донесовме одлука. Сите заклучивме дека Милан е вистинското место за мене“.

Да соработува со Гатузо и да биде соиграч со Гонзало Игуаин за него претставува остварување на сонот.

„Гатузо беше голем играч го имав во тимот кога играв Плејстејшн. Неверојатно е чуството сега да го имам за тренер. Слична е ситуацијата и со Гонзало. Пипита исто така го имав во тимот и неверојатно е чуството да го гледам како секој ден тренира со мене“, изјави Пакета.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крај на сезоната за Енцо Фернандез!

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез ќе отсуствува до крајот на сезоната по…