Дома Фудбал Англија Падна тужбата на „Њу Баланс“ – Ливерпул има нов спонзор!

Падна тужбата на „Њу Баланс“ – Ливерпул има нов спонзор!

Европскиот шампион Ливерпул потпиша рекорден спонозрски договор со компанијата „Најк“.

Меѓутоа, целиот случај се најде на суд, бидејќи актуелниот спонзор „Њу Баланс“ инсистираше на тоа дека има право да се обнови договорот кој истекува во мај, осврнувајќи се на една од точките на договорот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Меѓутоа, на денешното судење Ливерпул излезе како победник, па така „Најк“ ќе ја има честа своето лого да го постави на дресовите на шампионот на Европа.

„Најк“ наводно веќе ги спремил дресовите на Ливерпул за следната сезона, а за комплетен развој на дизајнот потрошиле околу 6 милиони фунти.

Овој договор ќе биде рекорден во Премиер лигата и ќе го надмине Манчестер Јунајтед, кој годишно добива 75 милиони фунти од „Адидас“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …