Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Суарез постигнале договор и Уругвацеот е блиску до трансфер во Торино.
Новииот тренер на Барселона јасно му порача на Суарез да си бара нов клуб и за него повеќе нема место на „Камп Ноу“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Суарез имаше неколку понуди, но „Скај Италија“ тврди дека 33-годишниот напаѓач се договорил со Јувентус.
„Бјанконерите“ му понудиле двегодишен договор и 12 милиони евра по сезона, но Суарез најпрво треба да го раскине договорот и како слободен играч да се пресели во Торино.
Суарез во моментов преговара со Барселона за спогодвено раскинување на договорот така што Каталонците ќе му платат бонус од 10 милиони евра.