Дома Трансфер зона Падна договор: Наполи се засилува со ѕвездата на Фиорентина

Падна договор: Наполи се засилува со ѕвездата на Фиорентина

Според информациите на италијанските медиуми, Наполи го обезбеди првото засилување за наредната сезона.

Првата сезона за Анчеоти во Наполи не помина како што се надеваше и поради тоа се спремаат големи промени, а еден од фудбалерите кои од лето многу веројатно ќе го носи синиот дрес е Џордан Верето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој 27 годишен француски фудбалер го носи дресот на Фиорентина каде што прикажа навистина одлични настапи, а неговите настапи во Серија А не поминаа незабележано од клубот од Неапол и одлучија токму со него да го освежат средниот ред.

За неговото доаѓање под Везув многу се пишуваше и во претходните недели, а според последните информации конечно бил постигнат договор. Веретут ќе потпише петгодишен договор според кој ќе добива плата од два милиони евра по сезона.

Наполи за неговите услуги на Фиорентина се очекува да и плати околу 20 милиони евра.

Верето оваа сезона во Серија А одигра 30 натпревари, постигна пет погодоци и запиша три асистенции, а пред да пристигне на Апенините го носеше дресот на Астон Вила, Сент Етјен и Нант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …