Дома Трансфер зона Падна договор: Икарди ќе игра во Турција!

Падна договор: Икарди ќе игра во Турција!

Maуро Икарди се очекува за неколку дена да стане нов играч на Галатасарај каде што ќе биде еден од најскапите и најдобрите играчи кои некогаш играле за овој клуб. Долго се најавува неговиот трансферот, а француските медиуми пренесуваат дека сега е се договорено.

Икарди и Галатасарај имаат договор од претходно, но работата се одолговлекуваше затоа што немаше договор со ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно и Фенербахче се вклучил во борбата за неговиот потпис и се обидел да го „украде“ Икарди од големиот ривал. Сепак, сега е објавено дека се е договорено помеѓу Галатасатај и ПСЖ и дека се работи за негова едногодишна позајмица.

Во наредните неколку денови се очекува Икарди да пристигне во Истанбул на потпишување на договорот за позајмица и комплетирање на трансферот. Сигурно дека ќе биде пречекан од голем број фанови на турскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…