Францускиот репрезентативец Антоан Гризман на крајот од сезоната ќе се пресели во тимот на Манчестер Јунајтед, сигурни се медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Англискиот весник „Индепендент“ тврди дека Манчестер јунајтед веќе постигнал договор со Гризман кој сака преселба на „Олд Трафорд“.
Биле договорени личните услови, висината на неделната плата, а од клубот му го ветиле и бројот седум, кој има легендарен статус меѓу „црвените ѓаволи“.
Медиумите тврдат дека Гризман ќе потпише договор на пет години и ќе заработува 220.000 фунти неделно, колку и неговиот сонародник Пол Погба.
Доколку Манчестер Јунајтед не успее да се договори со Атлетико Мадрид, клубот ќе ја активира откупната клаузула на Гризман која изнесува 100 милиони евра.