Дома Фудбал Паднал договор: Симеоне ќе испише нова историја со Атлетико!

Паднал договор: Симеоне ќе испише нова историја со Атлетико!

Најуспешниот тренер во историјата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне наскоро веројатно ќе биде најдолговечен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми објави дека Симеоне и Атлетико се договориле за нова соработка со важност до 2027 година.

Наскоро се би требало да биде официјално, а ако новиот договор Симеоне го одработи до крај ќе помине вкупно 16 години на клупата на Атлетико.

Досега најдолговечен во историјата на клубот е Луис Арагонес кој на повеќе пати помина вкупно 14 години на клупата на „јорганџиите“.

Симеоне го презема Атлетико во 2011 година и од тогаш освои осум трофеи вклучувајќи и два во Ла Лига со што ја прекина доминацијата на Реал Мадрид и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колина објасни зошто ѝ беше поништен голот на Германија

Германија испадна од Светското првенство откако во продолженијата на натпреварот од шеснае…