Откритието на последното Светско првенство, репрезентативецот на Франција, Бенџамин Павар ги демантираше шпекулациите кои го поврзуваат со Баерн Минхен.
После Мундијалот се појавија информации дека во договорот на дефанзивецот со Штутгарт има откупна клаузула тешка 35 милиони евра, која ќе се активира на лето 2019 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите во Германија тврдат дека Баерн Минхен веќе постигнал договор со Павар и ќе ја активира клаузулата следното лето.
„Немам потпишано ништо. Вие новинарите сте тие кои зборуваат за тој трансфер. Јас сум во Штутгарт и добро ми е таму. Мојот план е да останам уште една сезона во Германија“, истакна Павар.
„Играм за многу голем германски клуб кој има фантастични фанови. Тој клуб е како семејство. Тоа е тоа што ми треба во моментов. Убаво ми е во Штутгарт, ќе видиме што ќе се случи следното лето“, додаде Французинот.
Benjamin Pavard denied he agreed to join Bundesliga champions Bayern Munichhttps://t.co/5oF8mHDuee
— Goal (@goal) September 5, 2018