Пеп Гвардиола веќе две години е во потрага по играч за врска кој ќе може да го наследи Фернандињо, но никако да успее во намерата.
Ова лето „граѓаните“ го донесоа Родри од Атлетико Мадрид за 70 милиони евра, но очигледно Гвардиола не може без Бразилецот, па ќе му понуди нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
34-годишниот Фернандињо во последно време игра принудно на позицијата централен дефанзивец и е незаменлив во тимот на Гвардиола.
После одличните партии оваа сезона каталонскиот стартег му порачал на раководството дека не сака да го загуби Бразилецот и побарал да му биде понуден нов договор.
Англиските медиуми тврдат дека „граѓените“ му понудиле едногодишен договор, па се очекува Фернандињо наскоро да стави потпис на договорот.