Италијанскиот шампион Јувентус денес потврди дека ја искористил опцијата во договорот и целосно ги откупи правата на Даглас Коста.
Бразилецот минатото лето пристигна во Јувентус на позајмица за 5 милиони евра, но „старата дама“ имаше можност да го откупи за додатни 40 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Бјанконерите“ беа задоволни од неговиот придонес и денес потврдија дека Даглас Коста е во нивна целосна сопственост.
Коста во претходната сезона одигра 47 натпревари за Јвуентус во сите натпреварувања, а притоа успеа да постигне шест гола и 14 асистенции.
Douglas è bianconero… più bianconero che mai! ⚡️
Riscattato il cartellino del brasiliano ??
➡️ https://t.co/ztQTApIrTw pic.twitter.com/laT692KMEj
— JuventusFC (@juventusfc) June 7, 2018