Денес и официјално Кристијан Трапановски е нов играч на Шкупи.
После епизодата во Чешка и Словачка, Трапановски се врати во Македонија, играше за Академија Пандев, а после само една полусезона се сели во Шкупи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ја прифатив понудата од Шкупи бидејќи станува збор за добро организиран клуб кој има големи амбиции, да стана шемпион и кој веќе неколку сезони игра во Европа. Импресиониран сум како работат со младите играчи кои добиваат шанса да се докажат, но и овозможуваат трансфери во странство. Ќе ми биде чест и задоволство да играм за еден од најдобрите клубови во Македонија, едвај чекам да дебитирам во сино-белиот дрес“, изјави Трапановски.
Трапановски беше дел од сите младински категории на Македонија, а сега е дел од У21.