Дома Фудбал Останато Официјално: Шевченко го напушти кормилото на Украина

Официјално: Шевченко го напушти кормилото на Украина

Легенарниот украински фудбалер, Андреј Шевченко соопшти дека го напушта кормилото на украинската репрезентација.

Шевченко со успех ја водеше Украина цели 5 години и ја одведе селекцијата на ЕУРО, каде играа во четвртфиналето.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако сите очекуваа дека Шевченко ќе продолжи да го води националниот тим, сепак легендата соопшти дека нема да го продолжи договорот.

„Денеска ми истече договорот со украинската фудбалска федерација. Минав пет години со А тимот, работев напорно за да докажеме дека можеме да играме модерен фудбал. Благодарен сум на челниците на федерацијата за можноста да работам со репрезентацијата, им благодарам и на сите играчи, благодарност и до сите фанови за поддршката и критиките. Со верба во Украина“, истакна Шевченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Арсенал го обвинија Баерн за „валкана игра“ на полувремето во реваншот

Eкипата на Арсенал вчера доживеа елиминација во Лигата на шампионите откако беше поразена …