Челзи ќе може да купува во јануари!
Жалбата до Спортскиот суд за арбитража вроди со плод, па казната на Челзи беше намалаена и од јануари „сините“ ќе можат да купуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме, во февруари Челзи доби казна според која во наредните два преодни рока не може да купува играчи, но Спортскиот суд за арабитража таа казна ја преполови, а ако се знае дека првата половина Челзи ја отслужи во текот на летото во јануари ќе можат да бидат активни.
Освен тоа намалена е и паричната казна и Челзи ќе плати 300.000 швајцарски франци место 600.000.
Лампард и покрај тоа што не можеше да купува играчи по своја желба со помош на некои помлади играчи кои блеснаа Челзи и нема така лош почеток. Клубот се наоѓа на четврата позиција и сигурно можноста да купуваат ќе им помогне во борбата за место во топ 4.