Тимот на Челзи и официјално е прогласен за шампион на Англија во Женската супер лига, потврди Фудбалската асоцијација.
„Сините“ беа на второто место на табелата при прекинот на сезоната во март и заостануваа еден бод зад лидерот Манчестер Сити. Меѓутоа, „граѓанките“ имаа одиграни 16 меча, а Челзи еден помалку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После гласање сите клубови одлучија крајната табела да се пресмета со алгоритам, па Челзи го зеде трофејот пред Манчестер Сити.
Третото место го освои минатогодишниот шампион Арсенал, додека Манчестер Јунајтед заврши на четвртото место.
Од Женската супер лига испадна Ливерпул, кој беше на последното 12-то место со само 6 освоени бода. На нивно место од Чемпионшип доаѓа тимот на Астон Вила.