Дисциплинската комисија на ФИФА ги казни Челси и Фудбалската асоцијација на Англија за прекршување на правилата поврзани со интернационални трансфери и регистрација на малолетни фудбалери.
Челзи го нарушил неколку пати правилото за регистрација на фудбалери под 18 години, па денес и официјално му беше изречена казна од ФИФА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лондонскиот клуб ќе мора да плати казна од 600.000 швајцарски франци, а казнета е и Фудбалската асоцијација на Англија со 510.000 франци. Челзи нерегуларно регистрирал 29 играчи помлади од 18 години, што во ФИФА се смета како најголем прекршок, заедно со непочитувањето на финансискиот фер-плеј.
Притоа, потешкиот дел од казната е што Челзи нема да може да регистрира нови фудбалери до лето 2020 година, односно нема да може да купува нови фудбалери. Забраната за засилувања сигурно ќе биде сериозен удар за клупските имбиции.
BREAKING: @ChelseaFC banned from signing players for next two transfer windows and fined £400,000 after being found guilty by @FIFAcom of breaching rules about signing minors. #SSNhttps://t.co/U9oGdXDNhs pic.twitter.com/Lmzh2xGdee
— Sky Sports News (@SkySportsNews) February 22, 2019
Тоа значи дека Челзи нема да може да регистрира нови играчи до лето 2020 година, било да станува збор за откупување на договор или потпишување на слободни играчи.
Сега под знак прашалник е доведена и иднината на Гонзало Игуаин кој пристигна во Челзи на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната. Меѓутоа после факвата казна „сините“ нема да бидат во можност да го откупат неговиот договор.
Англискиот клуб спрема жалба на ваквата одлука, но медиумите се скептични дека ќе може да ја намали казната, бидејќи ова е втор пат ФИФА да отвара дисциплинска постапка против Челзи за слични прекршоци.