Дома Трансфер зона Официјално: Чалханоглу потпиша договор со Милан

Официјално: Чалханоглу потпиша договор со Милан

Хакан Чалханоглу денес и официјално стана нов играч на Милан. Турскиот интернационалец го напушти Баер Леверкузен и својата кариера одлучи да ја продолжи на „Сан Сиро“.

Чалханоглу вчера допатува на лекарски прегледи, а денес и официјално потпиша договор со „Росонерите“. Тој ќе ги брани боите на Милан четири сезони и официјално беше потврдено на официјалната страна на клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Хакан Чалханоглу ги мина лекарските прегледи и денес официјално потпиша договор со нашиот клуб. Му посакуваме се најдобро“, порачаа од Милан.

Росонерите за овој играч за врска платија 20 милиони евра на германскиот клуб и дополнителни четири милиони кои ќе ги исплатат како бонуси во текот на следната сезона. Чалханоглу истакна дека неговиот сон се остварил, и дека е пресреќен што е дел од Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…