Светската куќа на фудбалот, ФИФА денес ги објави тројцата финалисти кои ќе се борат за наградата „Играч на годината“.
Како што е познато ФИФА и „Франс Фудбал“ се разделија, а наградата од минатата година ќе има можност да ја брани Кристиано Роналдо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Негови конкуренти ќе бидат Лука Модриќ од Реал Мадрид и Мохамед Салах од Ливерпул. Истите тројца фудбалери беа финалисти и во изборот на УЕФА, а наградата му припадна на Лука Модриќ.
Можеби најголемо изненадување е фактот што Антоан Гризман не влезе меѓу првите три со оглед на фактот што со Франција стана светски шампион, а со Атлетико Мадрид ја освои Лига Европа.
Finalists: #TheBest FIFA Men's Player Award ?
?? @Cristiano
?? @lukamodric10
?? @MoSalah#FIFAFootballAwards pic.twitter.com/L1ckRiZTv6
— FIFA.com (@FIFAcom) September 3, 2018