Tимот на Тотенхем денес потврди дека Ангелос Постекоглу е нов тренер на првата екипа.
Австралиецот со грчко потекло со Тотенхем потпиша договор на четири години откако претходно успешно работеше во Селтик. Постекоглу кариерата ја започна со освојување на шампионатот во Австралија, а потоа беше и селектор на оваа земја од 2013-та до 2017-та и ги одведе на Мундијалот во Бразил (2014).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Успеа да ја освои и Џеј Лигата со Јокохама, а потоа пристигна во Шкоетска. Од 2021 година со Селтик освои две шампионски титула, ФА Куп и Лига куп.
Тотенхем има сезона за заборав во која остана без пласман во европските натпреварувања, па така јасно е дека го чека тешка задача, посебно ако тимот остане без Хари Кејн со оглед на тоа дека се најавува негово заминување.
We are delighted to announce the appointment of Ange Postecoglou as our new Head Coach on a four-year contract 🤍
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) June 6, 2023