Дома Фудбал Официјално: Тијаго Мота повеќе не е тренер на Болоња

Официјално: Тијаго Мота повеќе не е тренер на Болоња

Болоња денеска потврди дека Тијаго Мота идната сезона нема да го води клубот.

Мота направи историски успех со Болоња и на овој тим му обезбеди историски настап во Лигата на шампионите, но работата сега ќе ја препушти на некој друг.

Во краткото соопштение Болоња потврди дека разделбата доаѓа по барање на Мота кој како што стојат работите наскоро ќе биде промовиран на клупата на Јувентус како наследник на Масимилијано Алегри.

„Ми беше чест што во изминатите две години соработував со победник како Тијаго“, изјави првиот човек на Болоња, Џои Сапуто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…