Тиаго Силва минатото лето пристигна во Челзи и веднаш се етаблираше во клучна фигура во одбраната на „сините“.
Бразилецот во првата сезона ја освои Лигата на шампиони, а и оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа Челзи му понуди нов договор, а денес Тиаго Силва стави потпис на нов договор до јуни 2023 година.
Со тоа Бразилецот ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ и следната сезона и ќе биде во форма за Светското првенство во Катар во 2022 година.
„Да се игра за Челзи е вистинско задоволство, никогаш не помислував дека ќе останам три години во овој голем клуб. Ќе продолжам да го давам максимумот за клубот и за навивачите, кои ме пречекаа фантастично“, изјави 37-годишниот Силва.