Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Талески стана третиот Македонец кој ќе игра за Бенфика!

Официјално: Талески стана третиот Македонец кој ќе игра за Бенфика!

Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески како и што се најавуваше е нов ракометар на португалска Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бенфика која го освои трофејот во Лигата на Европа пред две сезони го промовираше Талески за кого ова ќе биде нов голем предизвик кариерата.

Во новата сезона Бенфика ќе биде предводена од шпанскиот стратег Хота Гонзалес. Со потписот на португалскиот клуб, Талески станува третиот македонски ракометар кој ќе настапува за Бенфика.

Пред Талески дел од овој тим беа нашите двајца голмани, Никола Митревски и Борко Ристовски. Последните три сезони од кариерата, Талески ги помина во Вардар, а играше уште и за Металург, Рајн Некар Левен и Белинген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…