Дома Топ вести Официјално: Синот на Роналдињо потпиша за Барселона

Официјално: Синот на Роналдињо потпиша за Барселона

Името Жоао Мендеш веројатно не е познато за поголемиот дел од фудбалската јавност, но ако се додаде дека станува збор за синот на Роналдињо тогаш е јасно дека овој момент привлекува внимание.

Мендеш во изминатиот период беше на проба во каталонскиот гигант, а денес Роналдињо допатува во Каталонија на церемонија во организација на „Мундо Депортиво“ и во изјава за медиумите потврди дека неговиот син потпишал договор со Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синот на легендарниот Бразилец играше за Крузеиро, а од таму си замина откако спогодбено го раскина договорот.

Жоао е роден 2005 година, токму во периодот кога неговиот татко го играше најдобриот фудбал во дресот на Барселона. Игра на позицијата напаѓач и за почеток ќе мора да се докажува во Барса Атлетик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …