Дома Фудбал Останато Официјално: Светското клупско првенство ќе се игра во Кина!

Официјално: Светското клупско првенство ќе се игра во Кина!

Кина ќе биде домаќин на следното Светско клупско првенство во 2021 година, каде за прв пат на турнирот ќе учествуваат 24 тимови.

Оваа одлука беше едногласно донесена на Извршниот комитет на ФИФА, кој беше одржан во Шангај.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварувањето ќе биде одржано во јуни и јули 2021 година, а за првпат ќе се натпреваруваат 24 екипи од целиот свет.

По три екипи ќе бидат сместени во осум групи, а само победниците на истите ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

Инаку, Светското клупско првенство првпат се одржа пред 19 години, па досега настапуваа само по седум тимови, а Реал мадрид е рекордер со четири титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…