Дома Фудбал Германија Официјално: Рибери заминува, Баерн Минхен му посвети видео

Официјално: Рибери заминува, Баерн Минхен му посвети видео

Франк Рибери и дефинитивно ќе го напушти Баерн Минхен на крајот од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заминувањето на легендарниот Французин од Минхен го потврди неговиот клуб на официјалниот сајт.

Рибери во април наполни 36 години, а до крајот на својата авантура во Баерн ќе се обиде да ја освои својата деветта титула шампион на Германија што би било апсолутен рекорд и до тоа е многу блиску.

На две кола пред крајот Баерн има четири бода предност пред Борусија Дортмунд и тешко е да се верува дека тимот на Нико Ковач ќе си дозволи да испушти таква предност.

Французинот во Баерн пристигна летото 2017 година. На 423 натпревари Рибери постигна 123 гола, а најголемиот успех го оствари во 2013 година кога со најтрофејниот германски клуб ја освои Лигата на шампионите.

Претходното германските медиуми за нова дестинација на Рибери ја најавуваа Катар, односно екипата на Ал-Сад Спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Прекините за хидрација станаа бизнис: ФИФА не планира да ги укине

ФИФА не планира да се откаже од прекините за хидрација кои на Светското првенство 2026 им …