Дома Трансфер зона Официјално: Реал плати 45 милиони за 16-годишен Бразилец!

Официјално: Реал плати 45 милиони за 16-годишен Бразилец!

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид го претстави новото засилување, 16-годишниот бразилски „виндеркинд“ Винисиус Џуниор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал за талентираниот напаѓач, кого го нарекуваат новиот Нејмар на Фламенго му плати неверојатни 45 милиони евра.

Винисиус ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ во јули 2019 година кога ќе стане полнолетен, а до тогаш ќе игра како позајмен фудбалер во Фламенго.

Според наводите на бразилските медиуми „кралскиот“ клуб веднаш ќе плати 30 милиони евра, а преостанатите 15 во три годишни рати по пет милиони евра.

Голем интерес за младиот Бразилец покажаа и англиските клубови Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Сити како и Јувентус, но Реал успеа да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…