Дома Трансфер зона Официјално: Реал за 30 милиони евра се засили од Атлетико

Официјално: Реал за 30 милиони евра се засили од Атлетико

Реал Мадрид денес официјално го претстави засилувањето кое пристигна од ривалски Атлетико Мадрид, што некако не е популарен потег помеѓу фудбалерите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нов член на Реал стана Тео Ернандес, 19-годишниот лев бек кој изминатата сезона ја мина на позајмица во Депоротиво.

Ернандес со Реал потпиша шестгодишен договор до јули 2023. година, а за тоа градскиот ривал ќе добие 30 милиони евра.

Тео Ернандес за првиот тим на Атлетико Мадрид не одигра ниту еден меч, но 11 пати настапи за младиот тим на „Јорганџиите“ во јуниорската лига на шампиони. Досега во Ла лига одигра 32 натпревари за Депортиво Алавес, а неговиот учинок е еден погодок и четири асистенции.

Новото засилување во Реал ќе го носи дресот со број 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кејн добро знаел што прави, откри како го надмудрил Ливаковиќ за пеналот

АНГЛИЈА триумфираше со 4:2 против Хрватска при отворањето на Светското првенство, а пресуд…